facebook-gov-report

Facebook два пати во годината објавува извештаи преку кои ја информира јавноста за барањата кои што ги добива од властите за пристап до кориснички информации или отстранување на одредени објави на социјалната мрежа.

Извештаите се однесуваат за период од 6 месеци, па оваа недела го имаме извештајот за првите 6 месеци од оваа година, односно од јануари до јуни 2015.

Како што истакнуваат од компанијата во сумирањето на резултатите, бројките за двата типа на барања од властите е зголемен, а со оглед на времето во кое живееме и зголемувањето на важноста на оваа мрежа, може да се очекува трендот да продолжи.

На ниво на цел свет бројот на барања за ограничување, односно тргање на одредени објави поради прекршување на закони е зголемен за 112% во однос на последните 6 месеци во 2014. Па така, бројот на барања во втората половина од минатата година изнесувал 9.707, за да порасне на 20.568 во првата половина од оваа година.

Зголемување има и на бројот на барања за пристап до корисничките информации за 18% во однос на минатата година. Во бројки, барањата за информации е зголемен од 35.051 до крајот на минатата година, на 41.214 барања до јуни оваа година.

Првото место по бројот на барања за информации за корисниците го држи, можеби и очекувано, САД со 17.577 барања за 26.579 кориснички профили. Од Facebook имаат дадено информации, односно делумни информации како што тие истакнуваат, во 79.85% од случаевите.

facebook-gov-mk

Во Македонија се направени вкупно 10 барања оваа година за 23 кориснички профили, а дадени се информации во 30% од случаевите. Во втората половина од минатата година оваа бројка изнесувала вкупно 5 барања за 8 кориснички профили.

Целосниот извештај по земји можете да го погледнете на следниот линк.

Од Facebook истакнуваат дека тие не им овозможуваат на властите „заден влез“ до мрежата. Ова е нешто што почна да се верува од поголемиот број на луѓе по откритијата произлезени од Едвард Сноуден.

Како што имаме нагласено и порано, Facebook не и овозможува на ниту една власт „заден влез“ или директен пристап до податоците на корисниците. Ние го анализираме секое барање кое што го добиваме за легална издржаност, било да е од авторитети од САД, Европа или од друго место. Доколку одредено барање не е доволно или е многу општо, ние возвраќаме силно и сме спремни да се бориме на суд, ако е потребно.

Извор: Facebook

Претходна статијаОфицијално лансирање на Центарот за иновации i-Lab
Следна статијаAndroid Wear доби поддршка за мобилни мрежи – Ќе гледаме повеќе часовници / телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.