hp-chromebook-2

Иако кај нас сигурно би бил за малку поскап, односно околу 200 евра, замислете да можете да добиете мал, пренослив лаптоп со големина од 11,6 инчи и солидни спецификации, како на пример 4 GB рам меморија, за тие пари. Перфектно решение за школската година!

Во внатрешноста на мини лаптопот на HP работи Celeron 2840 процесорот на Intel со четири јадра и заедно со солидната 4 GB рам меморија, достапни се и 16 GB простор за складирање податоци (со доплата може да се добијат 32 GB). Делува малку?

Ова е поради природата на Chrome OS оперативниот систем на Google, кој ги зачувува податоците онлајн, на Google Drive. Ова ја снижува цената на лаптопот кога го купувате, но значи и дека за да имате пристап до сите датотеки, мора да бидете константно поврзани на интернет.

Настрана овој недостаток, оперативниот систем на Google наменет за компјутерите станува се подобар со секоја наредна надградба и сега може да користи и Android апликации, кои веќе бројат преку еден милион на број. Да, ќе има и многу игри кои веројатно ќе го тргаат вниманието од учењето, но такви има и за секој друг уред.

hp-chromebook-1

Останатите можности на 11 G4 се прилично стандардни и вклучуваат приклучоци за USB 3.0, 2.0 и HDMI излез за поврзување со поголем дисплеј, што е особено погодно, зошто малиот, 11,6 инчен со резолуција од 1366х768 пиксели, некогаш знае да биде и ограничувачки.

Цената на овој мал лаптоп на HP ќе изнесува околу 200 долари, зависно од тоа каде се продава. Кај нас, купувачите се уште не се добро запознаени со оперативниот систем на Google и не очекуваме веднаш, но тоа секако може да се промени во блиска иднина, особено благодарение на ниската цена.

Извор: Techno Buffalo

Претходна статијаСнимка од дрон пуштен во центарот на огномет
Следна статијаVenice е првиот телефон на BlackBerry со Android!