1-orwl

Сигурно многупати се прашувате дали ја заклучивте вратата откако излеговте од дома, ама не и дали се одјавивте од Facebook на вашиот компјутер и дали воопшто го изгасивте. Бидејќи сајбер безбедноста почнува да зазема големо место во нашите животи и бидејќи заштитата со лозинка е лесно да се пробие, особено ако некој седне на вашиот компјутер, Design Shift направи супер безбеден компјутер кој ќе може да го заклучите со безжичен клуч.

На овој начин ама апсолутно никој нема да може да влезе во вашиот компјутер, односно ќе мора да го има клучот. Знам, знам дека веднаш помисливте колку е лесно да се скрши ова пластично куќиште (достапен и во стаклена изработка), но доколку го направите тоа, компјутерот ќе го избрише софтверскиот енкриптиран клуч и тогаш никогаш нема да може да ги вчитате податоците.

3-orwl

Да, покрај тоа што има NFC и Bluetooth за вашиот безжичен клуч, овој компјутер има и неколку сензори кои препознаваат притисок и кои можат да ги направат податоците целосно бескорисни. Корисникот потоа ќе може да ги врати податоците со својот безжичен клуч, на кој го има софтверскиот клуч за енкрипција. Кодот за енкриптирање инаку после секое гасење се сместува на посебен микро контролер, а не на вградениот SSD диск, кој исто така има AES-256 енкрипција.

Компјутерот е инаку опремен и со неколку други нивоа на заштита, како на пример заштита од крадење на податоци со ладење со течен азот, кога се намалува движењето на електроните. Дури и во овој случај, микро контролерот може да ги направи податоците целосно бескорисни за оној кој сака да ги пробие.

ORWL инаку има Intel Core m3 или Core m7 чип, 8 GB рам меморија и избор на SSD дискови од 120, 240 и 480 GB. На компјутерот се вградени две USB Type-C порти и micro HDMI приклучок, а неговата цена почнува од 749 долари и тој доаѓа со вграден Windows 10, но достапни се и верзии со Ubuntu LTS и Qubes. ORWL е инаку кампања на Crowd Supply, каде тој веќе ги собра потребните средства за да почне со производство.

Извор: PC World, The Tech News, Crowd Supply

Претходна статијаLenovo спрема нов 8 инчен таблет од средната класа?
Следна статијаНатпревар за старт-ап компании