Huawei-P9-970-80

Huawei официјално потврди дека нивниот нов знаменосец ќе има две камери во задниот дел, нешто што е само дополнително подгреано со протечена фотографија од претседателот на кинескиот бренд Рен Женгфеи, кој е нормално првиот човек „фатен“ да зборува на P9 паметниот телефон, кој треба да биде претставен на 6-ти април.

Сеуште не знаеме точно како ќе се користат двете камери со 12 мегапиксели – дали ќе биде како во LG G5 и едната ќе биде нормална, а другата со поширок „а ла“ GoPro агол на сликање или пак ќе има посебен софтвер кој ќе овозможи своевиден оптички зум, како што е најавено во iPhone 7 Pro. Каков и да биде системот, добро е да се види дека најголемиот кинески бренд не само што има квалитетни смартфони, туку почнува и да иновира и да претставува новитети.

gsmarena_001

Исто така, вреди да се спомне дека Huawei неодамна објави дека леќите во своите смартфон камери ќе ги прави во соработка со германската Leica, која за оние што не знаат е едно од најпочитуваните имиња во светот на фотографијата воопшто и кои се познати по исклучително високиот квалитет на објективите и стаклата и рачната изработка. Дефинитивно, очекувајте многу подобри оптички квалитети од леќите во P9.

Од останатите информации за телефонот, веќе скоро се е протечено – ќе има Kirin 950 или 955 процесор од Huawei, 3 или 4 GB рам меморија и 32 GB простор со можност за проширување преку micro SD картичка. Дисплејот ќе има големина од 5,2 инчи и Full HD резолуција, што е заостанување во однос на конкуренцијата, но е веројатно и повеќе од доволно за повеќето корисници. Батеријата ќе има капацитет од 3.000 mAh, додека предната камера има 5 мегапиксели.

gsmarena_002

Huawei P9 со сигурност ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow 6.0 и EMUI скин над него. Цената засега не можеме да ја потврдиме, но очекувајте да биде многу подостапен од конкурентите во високата класа и покрај тоа што ќе има луксузна изработка од алуминиум.

Извор: TechRadar, GSMArena, Android Headlines

Претходна статијаiPhone 5SE ќе има ист или сличен дизајн со iPhone 5S?
Следна статијаКако да го гледате и што може да се очекува од денешниот Apple настан