Rumor-Apples-next-gen-iPhone-to-boast-12-megapixel-camera-with-improved-sensitivity-HDR

И покрај тоа што и со 8 мегапиксели, камерите во iPhone 6 и 6 Plus се едни од најдобрите во мобилната телефонија, дојде време за промена, пред се поради тоа што купувачите го бараат тоа, но и поради подобро видео снимање.

Имено, камерата на iPhone 6 денес не може да снима Ultra HD видео (3840х2160 пиксели), бидејќи сензорот со 8 мегапиксели нема доволно резолуција за такво видео. Во овој поглед, скоро сите Android, па дури и постарите Windows Phone конкуренти, како Lumia 930, се многу напред, што е особено голема причина што Apple ќе се одлучи на ваков потег.

Интересно, големината на сензорот ќе остане иста, што значи дека самите пиксели ќе бидат помали. Ова може да доведе до повеќе шум во фотографиите навечер, но веројатно можеме да му веруваме на Apple дека ќе направи добри софтверски корекции, впрочем како и што беше досега и новите iPhone-и повторно ќе бидат меѓу најдобрите.

Од друга страна, фотографиите со повеќе мегапиксели многу подобро ќе изгледаат на дисплеите со големи резолуции, како на пример на Ultra HD телевизорите и мониторите, односно нема да бидат растегнати и нема да загубат на острина.

Конкуренцијата веќе има сензори и со 20 мегапиксели и тоа дури и некои поевтини телефони, што е уште поголем притисок за Apple да реагира на критиките. Новиот iPhone треба да биде претставен оваа есен, а се очекува да биде лансирани три уреди одеднаш, со големина од 4, 4,7 и 5,5 инчи.

Извор: iPhoneLife

Претходна статијаТинејџер инженер измисли систем за подобрување на квалитетот на воздухот во авионите
Следна статијаLily е дрон кој лета автоматски и ве следи каде и да одите!