vr

Вториот по големина корејски производител на техника, LG, можеби малку закаснето го претставува својот прв уред за виртуелна реалност, но нивниот адут во ракавот е соработката со Google и употребата на истата технологија од Cardboard уредот (изработен од хартија), притоа користејќи ја и VR платформата на пребарувачкиот гигант.

“VR” сетот за глава на LG ќе овозможи управување на паметниот телефон без да треба да се допира дисплејот, преку неодимиумски магнет на страната, кој ќе може да се поврзе со жироскопскиот сензор на LG G3 паметниот телефон. На овој начин, корисникот нема да има потреба од никакво мрдање на рацете, туку ќе може да го користи уредот само до движење во просторот.

vr2

Всушност, “VR” сетот на LG ќе го користи самиот екран на телефонот и нема да има дополнителен дисплеј во него. Употребата главно ја замислуваме во игри или за фотографирање, но и некои специјални апликации за виртуелна реалност. Единствена директна интеракција со паметниот телефон, корисникот ќе може да има само со копчињата за менување на гласноста, односно копчето за заклучување/отклучување.

Цената, па дури и името на “VR” сетот на LG се уште не се познати (на него пишува VR for G3, но, тоа е само објаснување на уредот), но според најавите, се очекува да биде лансиран во некои избрани пазари уште наредниот месец и тоа бесплатно, заедно со нов LG G3 телефон. Сепак, доколку се покаже како успешен, сетот може да биде лансиран и како самостоен уред.

Извор: Engadget

Претходна статијаFacebook воведе можност за избор на наследник на вашиот профил
Следна статијаПретставен Windows 10 Technical Preview за мобилните, засега достапен за помал број на уреди