phone_personal

После повеќе месеци на одложување и неколку неофицијални информации кои само ги подгреваа надежите на корисниците, Windows 10 Mobile конечно стана достапен од пред два дена, поточно четврток 17-ти март.

Иако при првата најава на оперативниот систем лани, Microsoft ветуваше дека сите достапни Lumia уреди кои работат на Windows Phone 8.1 ќе можат да ги надградат на 10-ка, сепак со тек на време стана јасно дека тоа нема да биде баш така.

Официјално, потврдено преку Twitter профилот на Windows Insider програмата, надградбата на Windows 10 Mobile нема да ја добијат уредите кои работат на 512MB RAM, односно корисниците ќе мора да имаат уред со минимум 1GB RAM за да можат да ја инсталираат надградбата.

Причина за ова е искуството од тестирањето на 10-ката кај овие уреди и фидбекот добиен од корисниците дека функционирањето не е на задоволително ниво.

Ова ги остава корисниците на овие уреди да продолжат да ја користат 8.1 верзијата од оперативниот систем или да купат некој од поновите модели со повеќе рам.

Како и да е, оваа одлука не е за изненадување, а корисниците сепак добија многу повеќе од тие на Android на пример, кои не ретко се оставени со надградба само за најновите модели.

Извор: PCWorld

Претходна статијаЗаканата од ВИ – Microsoft мисли дека знае како да ја поништи
Следна статијаMicrosoft го продолжи рокот за надградби за Windows 7 и 8.1 кои работат на Skylake процесорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.