Иако се’ уште не е потврдено времето кога, Samsung ќе го продава проблематичниот Galaxy Note 7 модел, претходно со исправени причинителите на грешките, како Note FE.
FE ознаката значи Fandom Edition и се однесува на намената на овој уред, за тврдокорните фанови кои и покрај проблемите би сакале да го користат овој одличен телефон.
Инаку, Note FE ќе се продава како refurbished верзија, односно проблемите со батеријата поради кои мораше да биде прекината продажбата, се откриени и исправени во овој модел.
Поради сериозноста на проблемот којшто го имаше Note 7, тој често беше забрануван да се носи на некои авионски летови, поради ризик од експлозија на батеријата.
Најверојатно поради оваа, а и слични причини, новиот FE модел ќе има ознака на него по која што ќе може да се распознава од оригиналниот модел и со тоа корисниците, но и другите да бидат сигурни дека не се работи за уред којшто може да се запали ненадејно.
Оваа информација доаѓа од неофицијални протечени слики од наводно спремниот за продажба ваков модел. На задната страна од уредот е ставена ознаката R, која што се однесува на refurbished моделот.
Без разлика дали се работи за точна информација, Samsung сигурно ќе најде начин како да го означи овој уред кога истиот ќе се најде повторно во продажба. Исто така, тие софтверски ги онеспособија уредите на корисниците кои не ги вратија своите исправни Note 7 уреди, па не би требало да има корисници со моделот којшто претставува ризик.
Извор: TechnoBuffalo, Droid Holic
Фото: Droid Holic