За знаменосецот на Samsung можеби ќе треба да почекаме уште еден месец, но уште сега веќе знаеме како ќе изгледа и ги знаеме скоро сите детали. Најновите протечени фотографии го покажуваат во најдобро светло досега и уште веднаш можеме да кажеме – ќе биде вистински бестселер.

Како што може да се види, S8-ката дефинитивно ќе има тесен и висок дисплеј со сооднос на страните од 18.5:9. Рамката околу дисплејот ќе биде многу мала, односно отстрана ќе нема рамка бидејќи и двата модели ќе имаат “Edge” екран, додека во горниот и долниот дел е скоро минимална. Дизајнот е сличен на актуелните модели, но според мене изгледа многу поелегантно со овие пропорции.

Фотографиите покажуваат и дека за прв пат во еден Galaxy S модел, во долниот дел нема да има хардверско копче и две капацитивни копчиња за „назад“ и „мултитаскинг“. Ова е логично, бидејќи во долниот дел веќе нема место за копчиња и истите ќе бидат виртуелни во системот, како кај многу Android смартфони.

Предноста на Galaxy S8 и S8+ сепак ќе биде што имаат многу повисок дисплеј и виртуелните копчиња нема да одземаат од просторот за оперативниот систем и апликациите. Од фотографиите множе да се види и освежен дизајн на скинот на Samsung за Android, кој делува уште поминималистички и одлично прилега на новиот дизајн.

Покрај новиот изглед, Galaxy S8 ќе донесе низа подобрувања. Ние веќе детално ги покривме сите од нив, а накратко, тој ќе има помоќни процесори, односно Snapdragon 835 и Exynos 8895, можност за користење како компјутер, нов дигитален асистент, дисплеј осетлив на притисок итн.

Според информациите кои ги имаме засега, Galaxy S8 Ќе биде претставен на 29 март, но продажбата ќе почне од 21 април. Вљубеници во Samsung, препорачувам уште отсега да почнете да собирате пари, бидејќи цената ќе биде околу 1.000 евра.

Извор: Fortune, Engadget, Techno Buffalo

Претходна статијаLTE 4G мрежите отсега ќе бидат побрзи од домашниот интернет
Следна статијаШто може да очекуваме од мартовскиот настан на Apple