nuans-neo (2)

Јапонската компанија NuAns е сигурно непозната за скоро сите од Вас, но тоа не значи дека не се храбри во настапот. Додека останатите производители на смартфони се префрлија исклучиво на Android, NuAns лансира Windows 10 Mobile паметен телефон од средната класа, чија главна карактеристика е „шик“ дизајнот и големите можности за персонализација.

Однадвор, Neo е опремен со два различни панели во задниот дел, кои корисникот може да ги избере во каков материјал или боја сака и лесно да ги замени. Поточно, овие панели ќе може да бидат изработени од пластика, кожа и дури и дрво и тоа во многу различни бои (внатре во нив ќе може да сместите и кредитна картичка). Ова придонесува NuAns да изгледа поразлично од скоро секој телефон на пазарот – со него сигурно ќе бидете забележани.

12

А ако понудените дизајни од NuAns не ви се доволни, ќе бидат достапни и модели за да може да си направите свои 3D испринтани панели за задниот дел. На овој начин, дефинитивно ќе имате нешто кое го нема никој друг на светот!

Спецификациите сепак не се особено возбудливи – процесорот е Snapdragon 617, помогнат од 2 GB рам меморија и 16 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка. Дисплејот има големина од 5 инчи и само HD резолуција, батеријата има солидни 3.350 mAh, додека камерите имаат 13, односно 5 мегапиксели.

nuans-neo (1)

NuAns е интересно опремен со Windows 10 Mobile, оперативен систем кој годинава има особено слаб настап на пазарот со само 0,7% учество. Ова може да биде и реална пречка во продажбата, а особено во собирањето на средствата преку Kickstarter кампањата која ја почна компанијата за да го пушти овој телефон во продажба низ целиот свет (достапен е само во Јапонија) – бараат 725.000 долари, а имаат собрано 89.000 со 36 денови до крајот на кампањата.

Цената на уредот, доколку биде лансиран на пазарот ќе изнесува 399 долари, односно 270 долари за оние кои сега ќе ја помогнат кампањата на Kickstarter.

Извор: Mashable, The Verge, Kickstarter

Претходна статијаNewMan’s Got Talent – програма за стипендирање на најдобрите млади таленти од најдобрите македонски компании
Следна статијаПоследно Windows 10 потсетување на цел екран за корисниците на постарите верзии