NVIDIA-GeForce-GTX-980-Graphics-Card

Производителот на графички процесори, Nvidia откако во Март ја претстави новата архитектура Maxwell сега презентира поголема и подобра архитектура со две нови графички картици. Оваа нова генерација покрај подобрите перформанси ветува и нови опции достојни како за уживање така и за развивање на целокупната гејминг индустрија.

Ова не е прва серија на графички процесори што работат на архитектурата Maxwell, Nvidia претходното претставување беше со GeForce GTX 750 Ti.

Од компанијата овојпат ги претставија GTX 970 и GTX 980 по цена од 329 и 549 долари.

Послабата верзија има 1664 процесорски јадра CUDA кои работат на 1.1 GHz додека GTX 980 има 2048 CUDA јадра што работат исто на 1.1 GHz. И двете имаат 4 GB GDDR5 меморија.

NVIDIA-GeForce-GTX-980-and-GTX-970-Specs2

GTX 970 и GTX 980 новите графички процесори што работат на Maxwell нудат и повеќе нови опции.

Со DSR тој што поседува 4К монитор/телевизор ќе може да ужива во резолуција од 2840 на 2160 пиксели. VXGI им омозможува на програмерите да постават динамички извори на светлина во виртуелната средина на играта.

Исто така новите можности отвараат врата и за Oculus Rift. Технологијата Nvidia’s VR Direct e наменета да се искористи во целост од сетовите за виртуелна реалност како што е Oculus Rift.

Главната идеја на Nvidia со Maxwell e како што велат да овозможат најдобро гејминг-искуство без разлика каква компјутерска конфигурација поседувате.

Извор: Engadget, Nvidia

Претходна статијаMatter ги претвора вашите фотографии во футуристички уметнички дела
Следна статијаSony Portable Short Throw ја претвора секоја површина во интерактивно ТВ