nvidia-nasa-moon

Производителот на графички картички Nvidia со своите последни моќни графички процесори Maxwell, GTX 970 и 980 и новите софтверски способности тврди дека го срушил митот околу спуштањето на Месечината на Apollo 11.

Голем број на скептици низ историјата постојано ја дискредитираат мисијата на NASA тврдејќи дека осветлувањето на фотографијата каде што Баз Олдрин во 1969 година се спушта на Месечината не е возможно во таква средина.

Тврдењето на многумина е дека наводно такво осветлување може да се изведе само со помош на студиски рефлектори. Од Nvidia, фамозната сцена ја реконструирале со помош на Unreal Engine 4 во комбинација со нивната нова технологија за осветлување.

voxelization-100449529-large

За да се докаже релевантноста тие како извор ја користеле само светлината што ја емитува Сонцето. Технологијата Global illumination ги пресметува одразот и ширењето на светлината преку низа фактори како што се материјалот и моќта на снопот светлина.

Интересно е што демото на Nvidia покажува како сончевите зраци се рефлектираат на површината на Месечината, како и на белиот скафандер на Нил Армстронг кој пак дава доволно одсјај за да го осветли и Олдрин.

Демото се базира на една од клучните работи што ја прави технологијата Maxwell толку моќна. Осветлувањето се концентрира на осветлување на т.н. воксели. Како за објаснување воксели се всушност пиксели во 3Д нешто што веќе е имплементирано во популарната игра Minecraft. Сцената е разложена на илјадници мали воксели на кои потоа се анализира како светлината се прекршува од секој воксел.

Извор: PCWorld

 

Претходна статијаGoogle започна со прикажување на мали корисни информации под резултатите од пребарувањето
Следна статијаAmbio, сијалица што работи само на биолуминисцентни бактерии