gopro-hero4-session copy

Најомилената камера за вљубениците во адреналинот, но во поново време и на сите кои постирираат групни селфи фотографии на социјалните мрежи, доби целосен редизајн, кој има облик на коцка, многу помали димензии и е отпорен на вода без потреба од ставање на надворешно куќиште.

Досега, сите модели на GoPro мораа да бидат ставени во надворешно куќиште за да бидат отпорни на вода, но и на удари, прашина и слично. Сега, новиот Hero 4 Session го постигнува истото уште од старт, што го прави многу помал и полесен за ставање на местата на кои не можеа да се постават камери досега.

gopro-hero-4-session-7882.0

Перформансите на камерата се одлични, иако не се на нивото на Hero 4 Silver (не е достапно Ultra HD видео). Имено, максималната резолуција за снимање е 2560х1440 пиксели со 30 слики во секунда, додека ако се избере Full HD видео (1920х1080) достапно е снимање со 60 слики во секунда, односно 100 слики во секунда при снимање на HD видео (1280х720). Фотографиите имаат резолуција од 8 мегапиксели, а достапен е и Time Lapse мод. Исто така, за прв пат за GoPro, камерата ќе снима нормално, исправено видео, како и да е поставена, што отвора многу нови можности.

На самата камера е вграден многу мал монохроматски дисплеј, на кој се прикажува информација за батеријата и поврзаноста со паметниот телефон преку Wi-Fi, а има и две копчиња, едно за снимање и друго за вклучување/исклучување на Wi-Fi сигналот. Како и досега, за да гледате што снимате, мора да имате инсталирано специјална апликација во вашиот паметен телефон или таблет и да го поврзете преку Wi-Fi со самата камера.

gopro-hero-4-session-03064.0

Иако не е најмоќна GoPro камера досега, Hero 4 Session со сигурност ќе најде многу примени. Има многу помали димензии, исклучително е лесна за користење и е отпорна на елементите без потреба од купување дополнителни додатоци. Ова ја оправдува и цената од 399 долари, која иако делува високо, ќе ви ја донесе една од најдобрите акциони камери моментално, ако не и најдобрата и најупотребливата.

Извор: Tech Crunch, The Verge

Претходна статијаПочувствуваjте ja супермоќта на помнењето со MаркО
Следна статијаLG претстави ултра тенки екрани на допир, наменети за лаптопите