core-i7-broadwell-590x330

Мобилните чипови одамна ги престигнаа оние во компјутерите кога е во прашање бројот на јадрата. Конечно, Intel ќе направи исчекор и ќе претстави Core i7-6950X чип со 10 јадра, кој треба да биде достапен на крајот од првата половина на 2016 година.

Ова секако не е првиот процесор на Intel со 10 јадра – Xeon серијата на процесори, наменета пред се за серверските машини, има верзии и со 15 јадра. Сепак, ова е прв пат Intel да вгради толку многу јадра во модел наменет за „широките маси“. Како и секој Core i7 модел и овој ќе има Hyper Threading, односно две виртуелни јадра по секое физичко јадро, што значи дека ќе може да обработува 20 процеси одеднаш. Вкупно, Core i7-6950X ќе има 25 MB L3 ќеш, што е фантастично висока бројка.

Новиот Core i7 ќе биде базиран на Broadwell-E архитектурата, а ќе може да се вградува на матични плочни со X99 сокет. Интересно, процесорот ќе работи на 3 GHz по јадро, но со сигурност ќе има Turbo Boost, кој би можел да ја качи фреквенцијата до 4 GHz по потреба. Секако, овие процесори се отклучени, што значи добредојден е и overclock. Со подобрено ладење, нормално.

Цената на Core i7-6950X треба да изнесува околу 1000 евра, што значи за моќен компјутер со ваков чип, ќе треба да издвоите барем три пати повеќе од тоа, бидејќи X99 матичните плочи се моментално едни од најскапите на пазарот, а исто така и DDR 4 рамот со кој ќе работи овој чип. Секако, тука не би сакале да вградите хард диск, туку SSD, или пак некоја евтина графичка картичка…

Како и да е, ова е одлична вест за оние кои и натаму ги исползуваат максималните перформанси од својот компјутер, како на пример оние што работат со видеа и 3D анимации. И ако помисливте на тоа, овој чип не е наменет за гејмерите – новите Skylake едиции на Core i7 работат на повисоки фреквенции и се подобро оптимизирани за новите игри. Не дека овој процесор ќе има проблем или ќе сецка, туку е поскап и нема реална потреба да потрошите пари на него, наместо на другите модели.

Извор: Extreme Tech, Geek

Претходна статијаWindows 10 Mobile сепак нема да може да работи со Android апликации
Следна статијаПреврска за рани која ја менува бојата при бактериска инфекција