YT_Advanced_Warfare_5

YouTube воведе поддршка за стриминг во живо со 60fps. Оваа можност е достапна само за HTML5 плеерот, што значи ќе треба и да се користи прелистувач со поддршка за овој плеер за да може да се следи видеото. Во главно најновите верзии од познатите прелистувачи ги имаат воведено потребните HMTL5 стандарди за пуштање на оваа содржина.

Стримингот во живо со 60fps ќе биде соодветно понуден како 720p60 и 1080p60. Доколку видеото се гледа од прелистувач, односно и уред кој што нема поддршка за ваков стрминиг или за HTML5 плеерот, содржината ќе биде прикажана во стандардната 30fps брзина на слика.

Иако видеата со 60fps се погодни за повеќе работи, тие најмногу се користат за видеа од играњето на игри, кои што се навистина популарни кај корисниците. Со овој потег може слободно да се каже дека YouTube повторно се обидува да му конкурира на Twitch, најпопуларниот сервис за видеа од компјутерски игри.

YouTube веќе е во преговори со неколку компании кои што развиваат софтвер за стриминг во живо на видео игрите, па истите ќе ја додадат можноста во своите решенија. Поддршката е додадена и во API алатката, па сите заинтересирани развивачи ќе можат да ја понудат во своите апликации и сервиси.

Покрај оваа новост, од YouTube истакнуваат дека со користењето на HTML5 плеерот за стриминг во живо се добива и можноста за премотување на видеото назад и гледање на истото забрзано потоа за побрзо стигање до моментот во живо.

Извор: YouTube, Ars Technica

Претходна статијаLG претстави OLED панел со дебелина помала од 1 mm!
Следна статијаOppo конечно ги претстави R7 и R7 Plus
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.