LG официјално ја потврди датата кога ќе ја претстави седмата генерација од нивниот уред од G серијата. За G7 веќе неколку пати можевме да прочитаме неофицијални информации кои како и обично ни ги претставија повеќето карактеристики, а исто така беше забележан и на MWC 2018 во Барселона.
Официјално, LG G7 ќе биде претставен на 2-ри мај на настан во Њујорк, како и на 3-ти мај во Сеул. Името на уредот официјално ќе биде LG G7 ThinQ, што ја означува вештачката интелигенција која ќе биде дел од него, а првпат претставена во LG V30S.
Во најавата од LG нема повеќе информации за уредот, па останува само тоа што го знаеме од досега излезени неофицијални информации, а тие говорат дека G7 ќе дојде со Snapdragon 845, 6 GB RAM меморија, 64 GB простор, како и 6 инчен екран.

Она што исто така може да се каже дека е потврдено е исечокот на горниот дел од екранот, исечок којшто најмногу стана популарен по претставувањето на iPhone X. Порталот Android Headlines претставија „рендери“ за кои тврдат дека се од официјалниот модел.