chrome-app-launcher

Google продолжува со тргањето на функции од нивниот Chrome интернет прелистувач, како што и тие истакнуваат, со цел подобрување на перформансите и корисничкото искуство. За да се постигне оваа цел, тие ги тргаат функциите од прелистувачот коишто се многу малку користени од страна на корисниците, па се доаѓа до заклучокот дека непотребно се достапни.

Од Google Chrome веќе е тргнат центарот за известувања (поддршката за известувања останува) којшто исто така многу ретко бил користен од корисниците.

Наредна функција која од Google најавија дека веќе нема да биде дел од поновите верзии од Chrome е „стартувачот за апликации“, односно Chrome App Launcher. Оваа функција исто така според Google е многу малку користена, па веќе нема потреба да биде дел од кодот на прелистувачот.

Доколку не сте запознаени, стартувачот за апликации се појавува како посебна икона на таскбарот на оперативниот систем, а игра улога на нешто слично на старт мени, наменето за стартување на инсталираните Chrome апликации.

Статистиките на Google покажале дека повеќето корисници практикуваат да ги стартуваат инсталираните апликации директно од Chrome, па желбата за конкуренција на вградените старт менија, ако тоа била целта, не помина баш успешно.

Тргањето ќе биде реализирано во наредните месеци, а за корисниците кои ќе инсталираат за првпат апликација во наредните неколку недели, нема да биде активиран App Launcher-от. Корисниците кои веќе го користат ќе бидат известени за промената.

Извор: Google, Engadget, The Verge

Претходна статијаИграта “Project Cars” изгледа фантастично во виртуелна реалност
Следна статијаПропуст во Linux kernel се искористува за добивање на „root“ пристап на Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.