google-new-logo-2015

Проект објавен на GitHub со името “Pink + Purple == Fuchsia (a new Operating System)” открива неколку информации за нов проект на којшто работат од Google.

Се работи за целосно нов оперативен систем кој на прв поглед остава впечаток дека во главно ќе биде наменет за користење во IoT уредите кои се во развој од страна на Google. Меѓутоа, подеталното разгледување на кодот од страна на дечките од Android Police открива дека системот има поддршка и за сите останати видови на уреди.

Она што е интересно кај овој оперативен систем, наречен Fuchsia, е тоа што не е направен на основа на Linux кернелот, како што е тоа случајот со останатите оперативни од Google, но и многу други проекти.

Fuchsia е направен на основа на таканаречениот Magenta Kernel, кој е направен на основа на LittleKernel проектот. Овој кернел во основа се користи за оперативни системи кои им конкурираат на таквите кои се користат за IoT уредите, но во кодот се наоѓа и поддршка за повеќе видови на уреди.

Од откриените информации, Fuchsia ќе работи на два исто така проекти од Google, односно Flutter за корисничкиот интерфејс и Dart како програмски јазик, а се гледаат и знаци кои укажуваат дека корисничкиот интерфејс ќе биде направен со материјален дизајн.

Овој оперативен систем, за кого се’ уште нема повеќе информации, ќе биде исто така со отворен код, како што е случајот со сите други проекти од компанијата.

Дали тој ќе се користи во главно за IoT уредите или од Google во иднина планираат да ги замени Android и Chrome OS, останува само да претпоставуваме.

Извор: TNW, ZDNet, Android Police

Претходна статијаARM ќе лансира нов чип со кој ќе се градат најбрзите супер компјутери
Следна статијаНеделна мистерија на Pickbox
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.