930-blk-charger2-jpg

Многу телефони од високата класа од пред неколку телефони имаат и опција за безжично полнење. Во превод, кога ќе сакате да го полните телефонот, само го оставате на полначот, без да треба да поврзувате кабли. Сепак, ваквото полнење е побавно и знае да одземе два пати подолго време за да се наполни батеријата.

Отсега, членките на Wireless Power Consortium најавија дека Qi безжичното полнење ќе може да поддржи 15 W моќност, што значи дека ќе може да ја наполни батеријата на телефоните многу побрзо.

Со новите, помоќни полначи, батеријата ќе може да се наполни до 60% за само 30 минути, што е навистина кратко време. Брзото полнење работи многу слично на Qualcomm Quick Charge, кој исто така може да поддржи многу брзо полнење на телефоните, но само преку кабел.

Денес, веќе многу телефони имаат можност за безжично полнење, односно сите од високата класа, освен оние со метално тело, бидејќи металот го попречува трансферот на електромагнетна енергија.

Брзото Qi полнење нема да работи на актуелните модели на телефони, но според информациите што ги имаме, Samsung и LG работат на ваквите телефони, кои наскоро треба да пристигнат на пазарот. Според тоа, можеме скоро и со сигурност да очекуваме дека Galaxy Note 5 ќе има можност за брзо безжично полнење.

Безжичното полнење инаку се смета за полнење на иднината и уште денес, веќе се достапни многу различни парчиња мебел, кои имаат вградено вакви полначи (како на пример масички од Ikea, на кои само треба да го ставите телефонот за да се полни), како и некои производители на автомобили, како Lexus, кои го вградуваат и во секој свој нов автомобил.

Извор: The Verge

Претходна статијаFlir One е термална камера за вашиот телефон која може да гледа и во целосна темница
Следна статијаSamsung работи на нова, подобра батериска технологија базирана на силикон