За оние што не се запознаени, Hyperloop One е компанија која што има за цел да создаде ултра брз транспорт на патници кој ќе се користи насекаде во светот. Инаку Hyperloop One е стартап компанија со седиште во Лос Ангелес, а моментално е посветена на инсталирање на нивната иновација во Дубаи. Првата тест патека е изградена во пустината во Невада и се чека во секој момент тестирање на истата. Покрај Дубаи, Hyperloop One компанијата има склучено договори и со владите на Русија и Финска, со цел истражување на оваа технологија и нејзино применување во иднина.
За почеток Hyperloop One има склучено договор со компанијата DP World со цел да се разгледаат можностите за пренесување на товар од пристаништата кон внатрешноста на државата. Ова е логичен чекор со оглед на тоа дека е многу побезбедно да се пренесува товар отколку патници, барем на почеток додека се тестира целиот систем. Колку за споредба, со овој ултра брз транспортен систем патувањето од Дубаи до Абу Даби, кое моментално изнесува 90 минути, ќе се скрати на само 12 минути. Овие две дестинации се оддалечени 139 километри. Според некои проценки, околу 4.000 возила дневно ја поминуваат оваа рута, што ја оптоварува економијата на државата со 800 милиони долари во изгубени работни часови.
Покрај тест патеката, Hyperloop One претстави и рендери од тоа како би изгледале нивните терминали. Тест патеката е со должина од 500 метри, и дијаметар од 3,3 метри. Оваа патека се наоѓа на 30 минути оддалеченост од градот Лас Вегас.
Извор: NewAtlas