ID-10075379

Fabio Sabatini од Sapienza University во Рим и Francesco Sarracino од STATEC, државниот завод за статистика на Luxembourg, имаат извршено поголемо истражување на влијанието на социјалните мрежи врз субјективното чувство на задоволство и исполнетост кај луѓето. Истражувањето е направено на примерок од 50.000 испитаници од Италија, што е добра бројка за да може да се дојде до релевантни заклучоци.

Прашањата кои што им се поставувани на испитаниците се прашања како „Колку сте задоволни од вашиот живот во целина во овој период“, а исто така поставувани се прашања за тоа колку често луѓето се гледале со други луѓе, колкава е нивната доверба во другите луѓе, како и користењето на социјалните мрежи. Врз основа на овие прашања истражувачите доаѓаат до одредени заклучоци, односно врз основа на поврзување на одговорите и тргање на одредени варијации кои што можат да влијаат на резултатите.

Истражувачите врз основа на одговорите имаат дојдено до заклучокот дека луѓето кои што почесто имале интеракција со луѓето во живо, наместо преку социјалните мрежи, имале поголема доверба во луѓето, што било исто така поврзано со чувството на задоволство од животот. Наспроти нив, луѓето кои што поголемиот дел од интеракцијата со луѓе ја прават преку социјалните мрежи, имале пониско ниво на доверба кон луѓето што резултира и со пониско ниво на чувство на задоволство од животот.

Чувството на задоволство од животот, според ова истражување, во голема мерка е зависно од довербата која што ја имаме во луѓето, а тоа зависи од тоа на кој начин комуницираме со нив. Довербата, а не начинот на комуникација е тоа што директно влијае на чувството на задоволство.

Со други зборови, социјалните мрежи се добри за одржување на контакти со стари пријатели или со пријатели и роднини кои што живеат подалеку од нашето место на живеење, меѓутоа доколку тие се користат како главниот начин за интеракција со пријателите, ние ќе се чувствуваме помалку задоволни. Можеби ова е и логичен заклучок со оглед на тоа што ниедна виртуелна комуникација не може да ја замени вистинската.

Извор: Engadget, MIT Technology Review

Слика:  KROMKRATHOG / FreeDigitalPhotos.net

Претходна статија3D испечатени клучеви можат да се користат за отворање на голем број на брави
Следна статијаMicrosoft почна да ги трга лошите копии од апликации во Windows продавниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.