Иако повеќе шпекулации ја најавуваат апликацијата TomTom како таа која ќе ги замени Google Maps на Huawei смартфоните, сепак на крајот испадна уште подобро. Корисниците на Huawei телефоните кои ја немаат Play Store продавницата, сега имаат одлична замена за Google Maps, а тоа е можеби и повеќе популарната HERE WeGo апликација.
Оваа апликација е официјално достапна преку AppGallery, па корисниците можат веднаш да ја симнат и да почнат да ја користат.
HERE WeGo апликацијата беше во сопственост на Nokia, делот што не беше продаден на Microsoft, а истата беше една од најмногу популарните алтернативи на Google Maps, за многу и подобра. Оваа апликација доби голем дел од популарноста поради својата можност да се преземат мапите според земја и истите да се користат без интернет конекција, што е одлична можност кога корисникот е во странство. Оваа „офлајн“ функција и денеска функционира подобро од таа на Google Maps за одредени работи.
HERE WeGo сега е во сопственост на конзорциум од германски производители на автомобили, составен од BMW, Mercedes-Benz и Volkswagen.

Доколку сте корисник на Huawei телефон со AppGallery, побарајте ја HERE WeGo во продавницата и вашата грижа за потребите за навигација, веќе нема да постојат.