Moto Z е еден навистина уникатен смартфон од високата класа – има можност за лесно прикачување на различни модули, кои можат да ги подобрат неговите карактеристики. Motorola уште минатата година најави дека новиот модел ќе ги има целосно истите димензии и на него ќе можат да се вградат истите модули, а поради грешка во презентацијата на MWC, можеме да видиме и дел од нив.

За самиот телефон не може многу да се каже, освен ситни промени во предниот дел. Формата ќе биде иста, бидејќи и новиот Moto Z ќе мора да функционира со истите модули од претходникот. Малата разлика е читачот за отпечатоци, кој сега има форма која многу повеќе одговара на целиот дизајн на телефонот.

Она што е веројатно поинтересно е џојстик модулот, кој би можел играчките сесии на овој телефон да ги направи многу подобри. А игри во Android еко системот има. На пример, фудбалче е скоро невозможно да се игра со виртуелните контроли, но со џојстикот би било многу полесно, а истото важи и за 3D акционите игри. Всушност, со овој додаток Moto Z би можел да е сериозен конкурент на Nintendo Switch конзолата.

Очекувано е овој модел да има и Snapdragon 835 процесор, како и подобрување на камерите. Сепак, главниот збор повторно ќе го водат модулите – покрај џојстикот верувам ќе бидат претставени уште неколку други, но останува да видиме кои ќе бидат тие. Кога сме кај новите модули, тие скоро сигурно ќе функционираат и со актуелните Moto Z модели.

Извор: Android Central, Slash Gear, Techno Buffalo

Претходна статијаЗошто е битен протокот на воздух во вашиот компјутер и оптималната конфигурација
Следна статијаЗошто Apple сè уште доминира на пазарот на компјутерите?