redmi-note-prime-official

Сите оние кои сакаат голем смартфон со голем дисплеј, а да бидеме реални ги има многу на број, денес имаат голем избор на евтини уреди. Отсега, нов конкурент во понудата на телефони од средната класа со големи дисплеи ќе биде и Redmi Note Prime на Xiaomi, кој нуди прилично добри спецификации за цената по која се нуди.

Така, екранот има големина од 5,5 инчи и резолуција од 1280х720 пиксели, што е послабо отколку кај телефоните од високите класи, но перфектно добро за целната група. За оние што очекуваа нешто такво, тоа што овој телефон има Note во името не значи дека има и дигитално пенкалце – едноставно, Кинезите обожаваат да ископираат нешто од други успешни уреди, како Samsung Galaxy Note.

Во внатрешноста, Note Prime е опремен со Snapdragon 410 чипот на Qualcomm, заедно со Adreno 304 графика, 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци. Ова значи дека не треба да се очекуваат високи перформанси, но барем работењето низ оперативниот систем треба да е флуидно и мазно искуство.

gsmarena_001

Redmi Note Prime инаку има прилично компактни димензии за големината (154х78,7 mm), но малку поголема дебелина од 9,4 mm, а е целосно изработен од пластика. Батеријата има солиден капацитет од 3100 mAh и со оглед на штедливиот процесор, би требала без проблем да издржи повеќе од еден ден со едно полнење. Камерите се исто така солидни, барем на хартија – задната има 13, додека предната има 5 мегапиксели.

Солидните спецификации тука за жал не се придружени од добар избор на софтвер – Android верзијата е KitKat 4.4, што е веќе неприфатливо во време кога веќе има две понови верзии – Lollipop и Marshmallow. Нормално, Xiaomi има ставено свој скин над Android, наречен MIUI, кој на многумина можеби и нема да им се допадне. Redmi Note Prime ќе биде понуден во 4G и Dual Sim варијанти.

Најголем адут на овој телефон секако ќе биде цената, која изнесува 125 долари во Индија, каде и ќе се произведува телефонот. Засега нема најава за лансирање на другите пазари, но кај нас Xiaomi веќе нуди уреди со слични перформанси и малку повисока цена.

Извор: GSMArena, PhoneArena, Android Central

Претходна статијаЈапонија ќе соборува лоши беспилотки со добри
Следна статијаНационалниот институт за рак на САД: Канабиноидите можеби можат да убијат клетки на рак