Кинезите дефинитивно го превземаат светот на технологијата од Американците – новата Силиконска Долина е веќе на истокот. Тие сега направија нов суперкомпјутер наречен Sunway TaihuLight, кој е целосно изработен од кинески чипови, за разлика од претходните обиди, кои беа изработени од американски чипови.
Поточно, компјутерот се состои од 40.960 ShenWei 26010 процесори со 260 јадра по процесор и 1,31 петабајти меморија, кои се доволни за страшна, вртоглава брзина од 93 Petaflops. Ова е три пати побрзо од претходникот рекордер Tianhe-2, кој постигна 33,85 Petaflops и исто така беше кинески, но изработен од американски чипови.
Потрошувачката на овој компјутер изнесува 15,3 мегавати, што можеби делува премногу, но споредено со Tianhe-2 таа е уште пониска и покрај покачувањето на перформансите. Чиповите во компјутерот се инаку поврзани преку PCI Express интерфејс, истиот оној кој го користат графичките карти, додека софтверот е секако верзија на Linux.
TaihuLight инаку може да се користи за најразлични научни истражувања, како на пример пресметка на исклучително сложени математички проблеми од светот на астро физиката. Тој нема да биде достапен само на кинеските научници, туку на сите светски научници и истражувачи од најразлични области.
Според Top500, кој ги објавува резултатите за најбрзите супер компјутери во светот, Кинезите годинава требало да постигнат и брзини далеку над 100 Petaflops, но за жал во брзо време нема да бидеме сведоци на тоа, бидејќи испораката на Intel Xeon Phi чиповите со кои требаше да биде опремен Tianhe-3 компјутерот беше сопрена по рестрикцијата на тргување меѓу Кина и САД.
Извор: The Hacker News, Engadget, Wired