laptop_touchpad-100045108-large

Од Synaptics, компанијата која ја започна револуцијата со капацитивните тачпади кај лаптопите уште во 1995-та година, изјавија дека во план им е да претстават сензори за отпечатоци на прсти, подобри од оние што има во новиот iPhone, Samsung Galaxy S5 и HTC One Max, и кои ќе се наоѓаат директно под екранот на допир, односно нема да биде потребно дополнително хардверско копче на самите уреди.

id-2061400-dsc01356-100067481-orig

Во октомври, за да биде ова ветување поостварливо, Synaptics ја купи компанијата Validity за 255 милион долари, уште еден „провајдер“ за отпечатоци на прсти, а ако знаеме дека iPhone 5s беше претставен во Септември, тогаш, овој биометриски метод добива уште едно поинакво, поголемо и поглобално значење. Доказ за ова тврдење е и неoдамнешното претставување на новото чудо од Samsung, S5-ката во Барселона, што само ја заострува битката кај конкурентите.

Validity, во случајов, Synaptics, гледаат погрешен пристап на работите. Во момент кога Android и Windows Phone уредите полека успеваат да ја елиминираат потребата од дополнителни хардверски копчиња, ваквите биометриски сензори, повторно налагаат хардверска компонента кај овие уреди. Затоа е и контрадикторноста во овој пристап на големите играчи на пазарот.

Она што двете компании ќе го понудат е сензор кој ќе се наоѓа веднаш под LCD екранот (стаклото). Наместо да биде вградено екстра хардверско копче, самиот оперативен систем би исцртувал коцка на екранот, на која корисникот би го поставил својот прст или палец и со тоа би го заштитил својот уред.

Според Ендру Хсу, директор на прототипи и концепти на Synaptics, клучот на успехот лежи во сензорот и чипот кои би требало да бидат „разделени“. Ова значи дека ќе постојат специјални печатени кола кои всушност ќе бидат сензорите, а целата работа во препознавањето на отпечатоците би ја вршел чипот кој ќе се наоѓа во уредот. Тука е и главната предност од овој модел – големината на чипот: може да има поголеми сензори, но големината на чипот не треба да се менува врз основа на сензорите.

Технологијата на Validity може да го „прочита“ и минатато од вашата кожа, т.е и внатрешните делови од поткожното ткиво, кои што, кај сензорот Apple не може да се препознаат доколку прстите се нечисти или пак, се „сецнати“ додека нешто работел корисникот.

Останува да видиме до каде ќе оди (р)еволуцијата во поглед на овие биометриски методи на заштита на мобилните уреди, а она што треба да очекуваме е се поголем замав да заземе сигурноста на мобилните во следните неколку години.

Претходна статијаВтора верзија од YotaPhone до крајот на годината
Следна статијаНабрзо ќе можеме да гледаме 3D филм без 3D очила