facebook

Facebook успеа да се наметне како главната интернет „занимација“ на повеќето луѓе. Во денешно време скоро и да не познаваме некој којшто нема креирано сметка на оваа социјална мрежа, а статистиките од компанијата покажуваат дека во светот повеќе од 1 милијарда луѓе ја користат мрежата секој ден.

До мрежата се пристапува на повеќе начини, а пристапот преку мобилната апликација станува се почест во споредба со другите.

Во рамките на тестирање на одредени можности Google да реши да ја блокира Facebook апликацијата некогаш во иднина, се дознава дека пред некоја година од компанијата правеле тестови преку расипување на истата.

Facebook испраќајќи вештачки грешки до апликацијата, истата престанувала да функционира и по неколку часови. Со тоа од компанијата сакале да дознаат колку корисниците се лојални и стрпливи, како и што би правеле во ваков случај, односно која би била границата на трпение.

Интересно, но и не и за изненадување, истражувањето покажало дека границата на трпение кај корисниците скоро и не постоела. Тие кога апликацијата не функционирала едноставно се префрлувале на мобилната веб верзија од Facebook и продолжувале со своите дневни активности на мрежата.

Иако од компанијата немаат излезено со официјален одговор на овие информации, сепак не ни е тешко да веруваме дека истакнатите резултати се точни. Навиката на луѓето да поминуваат часови секој ден на мрежата ни е јасна и ја гледаме како кај нас, така и кај луѓето што ги познаваме. Тие што не се такви, се буквално исклучок.

Инаку, не е првпат да читаме за експеримент направен од страна на Facebook. Тие сепак располагаат со профилите на огромен број на корисници, па би било скоро невозможно да се пропушти таквата шанса, без разлика на потенцијалните критики кои што ги добива компанијата по излегувањето на ваквите информации во јавноста.

Извор: The Verge, PCMag

Претходна статијаTinder користи алгоритам за оценка на „пожелноста“ на корисниците
Следна статијаPanasonic претстави транспарентен дисплеј на CES
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.