При крајот на минатата година САД, поточно Sony Pictures, беа мета на еден опасен кибер напад, кој наводно беше преземен од страна на хакери од Северна Кореја. Ваквите напади стануваат се пософостицирани, а САД делумно е виновникот за тоа, од причина што самите тие се едни од државите кои најчесто напаѓаат, и компромитираат туѓи телекомуникациски мрежи. The Intercept пренесуваат дека Иран, како резултат на овие напади, ги подобриле своите способноси за кибер напади преку студирајќи ги чекор по чекор средствата кои САД ги употребиле за да ја нападнат нивната мрежа.

Иран, откако бил жртва на слични сајбер напади насочени против нивната нафтена индустрија во април 2012 година, покажа јасна способност да учи од способностите и активностите на другите.

Во документот на НСА, дел од милионите документи кои Едвард Сноуден ги има кај себе или ги има дистрибуирано до новинари од повеќе земји, се сугерира дека Иран прераснала во повеќе од достојна кибер-сила учејќи од вирусите инјектирани во своите системи од страна на САД и Израел.

Една од големите предности на овие вируси е што откако ќе се инфилтрираат и откако ќе го инфицираат целниот систем, тие можат да продолжат да вршат надзор или да вршат дополнителни напади во текот на подолг временски период. Меѓутоа, тоа исто така значи дека истите вируси се подложни на откривање, зависно од тоа колкав временски период се оставени да прават штета врз својата цел.

Нивното откривање пак им овозможува на тие што го откриле длабоко да го изучуваат, дури и да го направат вирусот пософистициран, потежок за откривање, а полесен за инфилтрирање. Една друга опасност која се занемарува е истиот вирус да стане способен самиот да учи како да станува се поопасен, и да реши да се сврти против својот создавач, прераснувајќи во самосвесна интелигенција слична на Skynet од филмот Терминатор.

Во време во кое кибербезбедноста се смета како исклучително важна област (ЦИА најавија сеопфатна реорганизација со цел да бидат поспремни на ова поле) традиционалните оружја се заменети со вакви, модерни методи на осакатување на непријателите. Глин Муди најубаво ја сумира позицијата во која се ставени разузнавачките служби токму како резултат на ваквиот развој на кибервојната:

Разузнавачките агенции се наоѓаат во тешка положба. Колку повеќе тие извршуваат напади користејќи дигитални оружја и колку пософистицирани стануваат овие алатки, толку е поголема веројатноста за противниците да ги откријат, да ги прилагодат, а потоа да ги употребат против земјата која првично ги употребила. Веројатно би било премногу да се надеваме дека поради оваа причина ваквите оружја ќе се употребуваат поретко…

Претходна статијаGoogle Drive ќе врши автоматско бекапирање на сликите од вашиот уред?
Следна статијаПатент на Google за нивната идеја за паметен дом