Општо познато е дека iOS е доста затворен оперативен систем кога станува збор за персонализација, но колку и да се спротиставуваат Apple кон тој аспект јасно им е дека кога тогаш ќе мора да попуштат барем малку. Така со iOS 8 дозволија кориснички промени на тастатурата на оперативниот така што апликации направени од други производители можат да се користат како тастатури за оперативниот систем.
Тоа практично ги поттикнува програмерите да го „нападнат“ пазарот со апликации од тој тип со тоа што за кратко време стануваат многу популарни.
Со оглед на тоа што Dryft Keyboard има мошне уникатен изглед со тоа што се појавува само кога прстите на корисникот се врз дисплејот и функцинира со следење на прстите, покажува дека Apple е заинтересиран во подобрување на тој аспект од оперативниот систем.
Иако не ги знаеме цифрите кои се во игра за откупувањето на Dryft од страна на Apple ниту пак дали навистина тоа е поради талентите на тимот кој работи на тастатурата или чисто колку да се отстрани конкуренцијата, едно е сигурно: Ренди Марсден, кој е главен технолошки надзорник, а воедно и косопстевник на Swype (исто така тастатура за паметни телефони) сега го води тимот што работи на тастатурите во Apple. Ова е потврдено преку LinkedIn профилот на Марсден.
Извори: Techcrunch, LinkedIn