Фото: Shutterstock.com

Apple покасно се приклучуваат на „пазарот“ на генеративна вештачка интелигенција, но тие сепак конечно се приклучија. Apple Intelligence ќе им стане достапен на корисниците подоцна во годината, а минатиот месец беа презентирани функциите кои ќе ги има оваа новина.

Една работа која не ги интересира повеќето обични корисници е од каде моделите на вештачката интелигенција ја добиваат својата „способност“, односно на која содржина се тренирани.

Со оглед на тоа што голем дел од креаторите на содржина веќе имаат проблем со другите компании, а има и доста тужби, се поставува прашањето како Apple ги тренира своите модели.

Од компанијата досега не дадоа доволно информации, а тоа е и проблемот поради кој сега добиваат критики.

Apple истакнуваат дека голем дел од тренирањето се прави со нивна содржина, меѓутоа тоа не е доволно како информација, а посебно за креаторите.

Кратко кажано, тренирањето на модели на вештачка интелигенција често се прави со содржина која е достапна на интернет, содржина за која некој треба да добие пари за нејзиното користење. Со оглед на достапноста на одредени локации каде може бесплатно да се пристапи до истата, може да се каже дека оваа содржина се користи без дозвола.

Засега не е познато дали Apple го прават истото, а сепак има информации дека тие имаат направено договори со сервиси за користење на нивната содржина. На тоа треба да се додаде постоењето на Apple Bot алатката која собира информации од веб страните, што значи дека сепак е прашање колку се „чисти“ од Apple.

Ова може да претставува голем проблем за угледот на компанијата која одамна е позната како главниот избор на креаторите кои ги користат Apple уредите во нивната работа.

Apple досега нема дадено коментар на оваа тема, па ќе видиме дали и што ќе кажат во периодот што следи.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија23. CINEDAYS Фестивал на европски филм – КАКО Е? ВИКАЈ УРА
Следна статијаНовата ChatGPT апликација за macOS не ги штити разговорите кои се зачувани на компјутерот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.