Фото: Shutterstock.com

Корисник на X се прашуваше колку ги чини OpenAI кога корисниците кажуваат „молам“ и „благодарам“ кога го користат ChatGPT, а одговор на тоа даде директорот на компанијата, Сем Алтман. 

Овој одговор покрена дискусија, а и доста статии за тоа дали воопшто има потреба да се внимава на културата кога се користат алатките како ChatGPT, а во главно поради тоа што секоја интеракција вклучува искористување на компјутерска моќ, а на крајот и електрична енергија. 

Сем Алтман истакна дека компанијата ја чини „десетици милиони добро потрошени долари, но никогаш не се знае“. 

Ова секако не може да ни каже поточно дали има потреба да внимаваме на културата кога разговараме со ChatGPT, освен за тие кои веруваат дека вештачката интелигенција ќе го преземе светот, па можеби културните корисници ќе бидат поштедени. 

Сепак, на крајот може да се заклучи дека ChatGPT и другите се алатки, па реално нема никаква корист од тоа да се внимава на културата на комуникација со нив. Тие можеби се направени да одговараат на начин кој ги прави слични на луѓето, но реално зад нив не стои никаква свесна интелигенција. 

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаSamsung Electronics шеста година по ред е на првото место на глобалниот пазар за гејминг монитори
Следна статијаСтраните за конвертирање на датотеки стануваат алатка на хакерите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.