chrome-logo

Производителите започнаа со воведување на 64-битни процесори уште во 2003 година, со што постепено тие станаа стандард, па новите компјутери денеска доаѓаат со овие процесори. За да може да се искористи предноста на овие процесори потребно е и софтверот да биде направен за нив, па така денес оперативните системи и голем дел од програмите се направени за 64-битната архитектура.

Од оваа недела достапна е првата верзија од Chrome прелистувачот на Google направен за 64-битните процесори за Windows оперативниот систем. 64-битна верзија од Chrome за Linux има уште од 2009 година, додека истата е во развој за OS X. Оваа верзија од Chrome за Windows сепак не е се’ уште спремна за обичниот корисник, односно достапна е за програмерите и корисниците кои што ги тестираат раните верзии преку Dev и Canary каналите. Финалната верзија од Chrome со поддршка за 64-битните процесори се очекува да биде достапна во месеците што следат. Тест верзијата е достапна за корисниците на Windows 7 и Windows 8.

Сигурно се прашувате каква е разликата од верзијата на Chrome која што моментално ја користите и таа направена за 64-битните процесори. Иако тоа со сигурност на можеме да го кажеме, барем додека верзијата не биде доволно тестирана, од Google ги истакнуваат следните предности:

  • Подобрување на брзината, односно подобрување на перформансите на прелистувачот
  • Подобрување на безбедноста, а посебно на Windows 8 оперативниот систем
  • Подобрување на стабилноста, односно дупло помалку ситуации на паѓање (crashing) на прелистувачот во споредба со неговата 32-битна верзија.

Извор: OMG Chrome, Cnet

Претходна статијаПроекција на холографска слика преку чип за паметните телефони
Следна статијаЗаштедете простор со Lian-Li работните маси и куќиште за компјутер во едно
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.