action-launcher-3-artikelbild-1024x576

Кориснички опкружувања и работни површини (популарно наречени launcher-и) постојат во огромен број. Во главно се работи за апликации кои имаат намена да го заменат вашето оригинално корисничко опкружување со некое друго кое често воведува опции кои ги немало претходно, или го подобрува изгледот.

Action Launcher 3 е вакво опкружување кое е инспирирано од Lolllipop материјалниот дизајн на Google додека претходните верзии беа инспирирани од Jelly Bean. Иконите се базираат на Lollipop и дизајнот се поклопува со насоките дадени од Google. Самата апликација работи брзо и течно, без скоро никакви проблеми.

Тоа во кое се разликува оваа апликација во однос на другите слични се неколку работи. Action Launcher 3 има интересен начин на листање на апликациите на вашиот уред. Стариот начин на отворање апликации преку фиоката (app drawer) се` уште постои. На тоа апликацијата додава мени кое се влече од левата страна и кое ги листа сите апликации, подредени по азбучен ред. Листата можете да ја лизгате нагоре-надоле со прстот, а можете да пребарувате по буква стискајќи ја од десна страна на лентата.

Action-Launcher-32

Друга опција која е интересна е можноста да се претворат папките во т.н. Cover-и. По ваквата трансформација, со допирање на (сега веќе) cover-от се отвора првата апликација во папката, а со влечење на прстот по иконата нагоре се отвора папката. Третата работа што ја воведува Action Launcher 3 е тегнење оддесно за да се стигне до целосен нов екран за работа, покрај постоечките (нешто како површина за брз пристап во секојдневна работа).

Сепак за оваа опција ќе треба да платите 4.71 долари (во мојата верзија) за да ја отклучите варијантата Plus. Таа овозможува автоматско боење на опкружувањето во однос на позадинската слика, нагодување на боите на опкружувањето, нов начин на отворање виџети, менување на пакети со икони и нивната големина, овозможување управување со гестикулации и кратенки, бесконечни фолдери, криење на апликации од фиоката, тргање на рекламите итн. Можете да одберете дали сакате само Plus или Plus + донација, што ќе ве чини 9,43 долари.

Action Launcher 3 е добра работна површина за вашиот Android уред и би ве советувале да го испробате во неговата бесплатна варијанта, па да одлучите дали ќе продолжите да го користите.

Извор: Google Play Store – Action Launcher 3

Претходна статијаНовите светилки на Sengled – Поглед кон иднината на паметни домови
Следна статијаСвитливите телефони и транспарентните екрани пристигнуваат веќе од наредната година