adblock-browser-logo

AdBlock Plus е еден од најпопуларните додатоци за интернет прелистувачите на десктоп за корисниците кои што навистина не можат да ги поднесат рекламите на веб страните.

По неуспехот да ја задржат својата апликација за Android, односно по нејзиното отстранување, AdBlock се решаваат за претставување на нивни прелистувач со вградени функции за блокирање на реклами.

Наречен AdBlock Browser, прелистувачот е направен на основа на Mozilla Firefox за Android кој што е со отворен код и погоден за прилагодување. Прелистувачот на почеток ќе изгледа исто како 37-та верзија од Firefox на кој што е и базиран, но во иднина можни се промени на корисничкиот интерфејс.

adblock-browser-1

Иако корисниците можат да го додадат AdBlock Plus како додаток за Firefox на Android, од AdBlock истакнуваат дека додатокот не може да биде на исто ниво со директно вградување на функциите во самиот прелистувач.

AdBlock Browser моментално е во бета фаза и не е достапен во Play Store. За да го инсталирате потребно е да ја поминете познатата процедура на зачленување на Google+ заедницата по што ќе добиете линк за негово симнување.

Чисто за потсетување, за да можете да го инсталирате од симнатиот фајл, потребно е да ви бидат дозволени инсталациите на апликации надвор од продавницата.

Извор: AdBlock Plus, TNW

Претходна статијаVertex Bladeless – Нов, поефикасен тип на ветерница без подвижни делови
Следна статијаAudi Sport Racing Bike – Веројатно најлесниот (и најскапиот) велосипед на светот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.