Фото: Shutterstock.com

OpenAI најави дека нивната нова и доста интересна функција „Advanced Voice“ од оваа недела ќе им стане достапна и на бесплатните корисници. Најавата дојде заедно со најавата дека сега сите корисници на неколкуте платени верзии од ChatGPT ќе имаат пристап до новата функција. 

Како и досега, оваа функција нема веднаш да им биде достапна на корисниците од ЕУ, како резултат на строгата политика и закони кои се донесени изминатите години. 

Advanced Voice е нова функција која стана возможна со GPT-4o јазичниот модел и на корисниците им овозможува уште поприроден начин на комуникација со ChatGPT. 

„Четботот“ со Advanced Voice одговара уште послично на човек, односно поприродно, може да прикажува емоции, а исто така реагира на брзината со која корисникот зборува. Корисниците можат да продолжат да зборуваат додека ChatGPT одговара и со тоа да го променат или дополнат своето прашање. 

Корисниците кои не плаќаат за ChatGPT сепак ќе имаат доста големо ограничување, а тоа е можност за користење на Advanced Voice до 15 минути во месецот. Затоа и од OpenAI ова го нарекуваат можност за проба од страна на бесплатните корисници, а е и одличен начин да мотивираат дополнителни луѓе да почнат да плаќаат за сервисот. 

Уште една одлична работа која беше најавена беше и новата Realtime API алатка. Со оваа алатка, кратко кажано, програмерите ќе можат да ги интегрираат гласовните можности на ChatGPT во нивните апликации, а тоа ја вклучува и новата Advanced Voice функција.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаВодечки светски компании ќе зборуваат на годишната конференција за е-трговија
Следна статијаСтуденти од Харвард покажаа како може да се „злоупотребат“ паметните очила 
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.