Airbnb најави посебно издвојување на можноста за изнајмување на соби преку нивната апликација, во дел наречен Airbnb Rooms. Со ова може да се каже дека од компанијата се враќаат на нивните почетоци, односно на идејата сервисот да овозможува изнајмување на соби во домот на „домаќинот“.

Може да се забележи дека мотивацијата зад оваа новина е овозможувањето на сместување со пониски цени, нешто што во време на светска криза секако е пожелно. Просечната цена на собите, кои ги има повеќе од 1 милион, изнесува 67 долари по ноќ, а повеќе од 80% од нив се со цена пониска од 100 долари.

Заедно со Airbnb Rooms, од компанијата воведуваат уште една функција која е достапна само за Rooms делот. Наречена Host Passport, се работи за дел каде ќе може да се видат повеќе информации за домаќинот на собата.

Се смета дека кога треба да се преспие во место заедно со домаќинот, важно е да се запазат одредени работи за претпазливост, па корисниците ќе можат да видат дали домаќинот е верификуван, колку време издава соби на Airbnb, каква му е оценката, па дури и кратко објаснување од негова страна.

Корисниците ќе можат да видат и информации за тоа дали собата има посебен клуч, дали бањата и тоалетот се посебни или заеднички и слично.

Од Airbnb оваа новина ја поврзуваат и со завршувањето на корона кризата, па сметаат дека луѓето сакаат почесто да патуваат, а и да запознаат нови луѓе. Сместувањето во дом заедно со домаќинот може да има свои предности, како на пример за откривањето на интересни места да се видат во градот.

Апликацијата добива и други новини кои се поврзани со подобро прикажување на цените, подобрување на мапата и слично.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Airbnb
Претходна статијаYouTube тестира редизајн на десктоп верзијата која акцентот го става на видео предлозите
Следна статијаМинистерот Алиу за забраната на платформата ТикТок
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.