alko-screens

Денеска ви претставуваме уште една од серијата на нови македонски апликации кои што дефинитивно може да се каже дека можат лесно да конкурираат со светските. Се работи за интересна апликација која што сигурно многу од нас би сакале да ја имаат, а посебно за викендите.

Колку пати ни се има случено да излеземе со автомобилот, затоа што нели сме рекле дека нема да пиеме, или барем не повеќе од една чаша. Потоа едната чашка станува две, и така натаму. Проблемот настанува кога нема да се испие премногу, кога сигурно повеќето знаеме дека тогаш треба да го оставиме автомобилот.

Кога имаме испиено помала количина, а сепак се мислиме дали тоа ќе биде повеќе од минимално дозволената, си викаме, колку би било добро да имаме еден алкотест при рака.

Алко е апликација која што нема да ја тестира вашата крв за количество на алкохол, но затоа истото ќе го процени врз основа на неколку информации.

Со внесување на вашата тежина, пол, времето на пиење, како и видовите алкохол, Алко прилично точно ќе процени колку алкохол во крвта треба да имате. Со тоа ќе ви даде препорака дали да го земете вашиот автомобил или да си одите со такси. Апликацијата дури ќе ви препорача и некоја од достапните такси компании за лесно да можете да се јавите во таква состојба.

Сигурно оваа апликација ќе се најде како корисна за доста корисници, а истата можете да ја симнете доколку сте корисник на Android оперативниот систем од Play продавницата или преку следниот линк.

alko-qr-android
Симни ја Алко за Android
Претходна статијаNASA има план за кратење на патувањето до Марс за половина
Следна статијаСо паметен генетски трик истражувачи успеале да ја откријат целата вирусна историја на испитаниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.