Сервисите кои нудат стриминг на филмови и серии се веќе неколку години достапни во поголемиот дел од светот, па нивната популарност е зголемена повеќекратно. Иако Netflix се смета како главниот ваков сервис, сепак тој има конкуренција која нуди добра алтернатива, а посебно кога се работи за оригинална содржина.

Amazon Prime Video е еден од најдобрите конкуренти на пазарот кој нуди избор на филмови и серии, а изборот од нивна продукција, односно Amazon Original е според некои гледачи и подобар од тој на Netflix.

За корисниците кои често го гледаат Amazon Prime Video сервисот преку нивниот компјутер, досега единствен начин да се направи тоа беше преку веб страната на сервисот. Сега од Amazon конечно ја пуштија нивната официјална апликација која може да се симне од Microsoft Store.

Оваа апликација овозможува да се гледа целата содржина од сервисот, а исто така овозможува и зачувување на содржината локално за да може да се гледа потоа без потреба од интернет конекција.

Ова е прва верзија од апликацијата, па се очекува дека со тек на време ќе добие одредени подобрувања, а посебно на квалитетот на сликата кој според некои информации е ограничен на 720p, но не и повеќе, а содржината на Prime Video оди и до 4K.

Апликацијата можете да ја симнете преку овој линк.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статија(Видео) Новиот изглед на Старт менито и останатите новини во најновата Windows Insider верзија
Следна статијаХалкбанк корисниците на платежни картички Mastercard отсега ќе можат да плаќаат бесконтактно со нивниот мобилен уред преку новата апликација HalkPay
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.