Shutterstock.com

Amazon Prime Video започна со додавање на нова функција, наречена „Dialogue Boost“, која како што може да се претпостави и од самото име, треба да го издвои и засили звукот од дијалозите во филмовите и сериите.

Оваа новина е одлична и можеби ќе направи да доста корисници ги гледаат филмовите без потреба од вклучување на преводот, кој го користат не поради неразбирање на јазикот, туку поради честите ситуации да се пропушти нешто што е кажано.

Функцијата во главно е замислена за корисниците кои имаат проблеми со слухот, но сигурно ќе им се погоди и на тие кои немаат.

Dialogue Boost функционира со помош на вештачка интелигенција која се обидува да го изолира звукот, односно да ги издвои музиката и ефектите од дијалогот, како и да процени кога може да има ситуација во која би било потешко да се слушне разговорот.

Дали ова успешно се постигнува, ќе дознаеме кога ќе биде пуштена функцијата за повеќето корисници и за поголемиот број од достапната содржина на сервисот. Засега истата е достапна само за ограничен број на филмови и серии, а изгледа и не е пуштена во целиот свет.

Корисниците ќе имаат избор од три нивоа на „засилување на дијалогот“, па со тоа ќе можат поточно да го прилагодат звукот, кој знае да направи проблем со ефектите ако се пушти на најсилно.

ИЗВОРIGN
Претходна статијаПосле толку време Google Messages доби шифрирани групни разговори кога се користи RCS протоколот
Следна статијаWindows 11 ќе им овозможи на апликациите пристап до сензорот за присутност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.