Shutterstock.com

Корисниците на Android со уреди кои немаат баш голем простор за податоци, добиваат нова функција која треба да им ослободи дел од просторот кога се при крај од истиот.

Досега достапната функција за архивирање на апликациите, Google сега ја вклучува да функционира автоматски. Апликациите кои корисникот скоро и не ги користи, автоматски ќе бидат архивирани и со тоа ќе се намали просторот кој тие го зафаќаат.

Оваа функција посебно ќе се вклучува кога е потребен простор, а корисникот веќе е доста блиску до неговото ограничување.

Архивирањето на една апликација значи дека од истата ќе биде тргнат дел од кодот, но ќе бидат зачувани корисничките податоци, што значи дека нема да бидат одјавени одредени сметки, односно нема да бидат избришани податоците од игрите.

За да може една апликација да биде архивирана, истата ќе мора да биде направена во одреден формат кој овозможува инсталација на истата во делови. Апликациите кои се архивирани ќе имаат посебна ознака на нивната икона во форма на „облак“.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаСлики од Roomba роботската правосмукалка биле споделувани на друштвените мрежи
Следна статијаДарио Ивановски со поддршка од „Макпетрол“ ќе се бори за учество на најелитните натпреварувања
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.