Yahoo Weather е веќе одреден период достапна на iOS и Android и е позната по одлично смислениот дизајн кој во преден план ги става сликите од Flickr сервисот, кои ги пресликуваат временските услови. Иако достапна на iOS до сега апликацијата со новиот дизајн беше достапна само за помалите екрани на iPhone и iPod Touch. Од денеска Yahoo Weather е достапна и за iPad, па корисниците на овие уреди ќе може да ја користат со сите предности што ги има поголемиот екран.
Апликацијата на главниот екран ја прикажува временската состојба заедно со соодветната слика, прикажана на целиот екран. Останатите информации ги добивате со скролување надолу, каде што можете да ја видите временската прогноза, графикони и други временски податоци. Исто така ја има и можноста за споделување на моменталната временска состојба и слика од вашата локација преку SMS, email, Twitter и Facebook.
Yahoo Weather е достапна во App Store или на следниот линк.