Фото: Shutterstock.com

Една од главните карактеристики на екосистемот на Apple е неговата затвореност. Се е строго контролирано од компанијата, па врз основа на тоа тие можат и да гарантираат одредени работи.

Ова одамна не им се допаѓа на програмерите, а сега тие конечно ќе ги добијат своите „права“ поради новите закони во Европската Унија, кои иако делуваат како добри, тие сепак премногу се мешаат во работата на компаниите.

Apple како голема компанија сопственик на iOS и другите платформи и бројот на корисници влегуваат во категоријата на компании кои мораат да ги следат новите правила.

Едно од тие правила е отворањето на платформата, баш тоа што Apple строго одбива да го направи и е нивна карактеристика.

Почнувајќи од март, кога ќе биде пуштена верзијата 17.4 од iOS, а ова ќе важи и за другите системи од компанијата, корисниците ќе добијат можност да инсталираат апликации надвор од App Store.

Алтернативните продавници за апликации ќе можат да се симнат од страната на програмерите, а Apple сепак постави низа на правила за како ќе функционираат овие продавници.  

Apple воведува таканаречено „нотаризирање“ на апликациите, без разлика од кој извор доаѓаат. Тоа значи дека апликациите од алтернативните продавници ќе мора да поминат одреден процес на ревизија, но сепак не толку строг како кај App Store.

Дополнително, на корисниците ќе им бидат прикажани повеќе информации за апликациите, а програмерите зад продавниците ќе мора да бидат авторизирани од страна на Apple.

Исто така, Apple ќе ги проверува овие апликации за малициозен код, па кај тие кај кои ќе биде откриен, нема да можат да бидат вклучени на уредот.

Како дел од обврските со новите закони е и намалување на процентот кој Apple го наплатуваат од програмерите за продажбата на апликациите, како и производите и сервисите преку тие апликации.

Apple ќе наплаќа процент и од трансакциите кои не се преку нивниот систем, а и тоа самото е новина, можноста да се користат овие други системи. Поради ова се очекува Spotify да ја врати можноста за претплата директно од апликацијата, но процентот повторно ќе биде доста висок, 17%, но сепак повеќе прифатлив од 30% кој беше досега.

Дел од компаниите ќе имаат и намален процент, тие кои се сметаат како помали компании, па тие ќе можат да плаќаат 10%, а доколку сакаат да го користат и системот за наплата на Apple, тоа ќе ги чини дополнителни 3%.

За компаниите кои имаат апликации кои се популарни, односно годишно се инсталираат во бројка поголема од 1 милион, ќе имаат нов трошок од 0,5 евра за секое прво инсталирање на апликацијата. Овој трошок не зависи од продавницата, односно ќе важи и за алтернативните продавници.

ИЗВОРApple
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаАпликациите за „стриминг“ на игри конечно ќе можат да функционираат на iOS
Следна статијаSticky Notes во Windows дојде на ред да добие надградба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.