Поминати се 11 години од претставувањето на сопствена апликација за мапи од страна на Apple, која се’ уште се „мачи“ да конкурира на најпознатата Google Maps, а на почеток дури имаше и големи критики за нејзиниот квалитет.

Оваа ситуација изгледа конечно почнува да се менува, па според информациите корисниците почесто се решаваат да и дадат шанса на Apple Maps, па голем дел од нив дури ја преферираат оваа апликација во споредба со Google Maps.

Овие информации сепак не се официјални и доаѓаат како заклучок од страна на The Wall Street Journal, кои ги темелат на коментари и мислења од нивните читатели.

Заклучокот останува дека сепак повеќето корисници на iPhone продолжуваат да ја инсталираат Google Maps и покрај тоа што Apple Maps доаѓат прединсталирана со телефоните.

Причината поради која Apple Maps добива на популарност е во фактот дека апликацијата постепено ги добива сите функции кои ги има кај Google Maps, а според некои, дел од нив се подобри кај Apple, посебно кога е во прашање корисничкиот интерфејс.

Треба да се истакне дека Apple Maps дури оваа година добија можност за гласовна навигација во Македонија, а таа посебно е корисна кога се користи со Apple Watch.

Сепак, барем во нашата земја, поголемиот дел од бизнисите се поставени на Google Maps и ги нема на Apple Maps, па оваа апликација не е баш корисна кога се бара некоја таква локација.

Со iOS 17, Apple ја воведува можноста за симнување на одреден регион за да може да се користи без интернет конекција.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаSingular поставува нови стандарди со збогатениот пакет на придобивки за вработените
Следна статијаApple ја истакнува безбедноста на Mac во нивната најнова реклама The Underdogs: Swiped Mac
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.