Минатата година Apple ги направи достапни нивните мапи преку веб прелистувач, а карактеристично за нив дотогаш беа достапни само како апликација преку уредите од компанијата. 

Мапите сѐ уште се со бета ознака, а на почетокот не беа достапни баш преку секој прелистувач, односно можеа да се користат преку десктоп. 

Сега Apple Maps се официјално достапни без разлика каков прелистувач се користи, што значи дека секој може да ја отвори страната maps.apple.com и да ги користи овие мапи. 

Очекувано, веб верзијата од Apple Maps не може да се спореди со апликацијата, па достапни се само неколку основни функции како навигација, пребарување на локации и слично. 

Според информациите, Apple можно е да ја има пуштено оваа верзија од Maps поради притисок од регулаторите, односно од Европската Комисија и законите кои бараат отворање на системите и достапно на апликациите. 

Не гледам зошто некој на Android би ги користел овие мапи кога им се достапни Google Maps и доста други алтернативни апликации.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаNvidia најави дека го префрла производството на ВИ супер компјутерите во САД
Следна статијаApple можно е да ги пушти новите функции кај Siri порано од што почна да се очекува
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.