Фото: Shutterstock.com

Apple во најновата бета верзија од iOS/iPadOS 18 и macOS 15 пушти нова функција кај Safari за која досега можевме нешто да прочитаме неофицијално. Истата би ја нарекол како алтернативен пристап кон блокирањето на реклами кој овозможува тргање и на други делови од страните кои им пречат на корисниците.

Типично за Apple, новата функција е направена доста едноставно и корисно, па корисниците се што треба е да ја вклучат преку прилагодувањата достапни до адресата на секоја страна и да изберат „Hide Distracting items“. Потоа поминуваат низ делови од страната, а функцијата ги означува деловите од страната. 

Корисниците можат да притиснат на било кој дел, не само на рекламите, па се што им пречи на страните кои често ги читаат, можат да го исклучат. Исклучувањето значи дека тој дел од страната, односно кодот, ќе бидат „блокирани“, па нема да се пркажуваат секогаш кога страната ќе биде отворена. 

Секако, во истиот дел е достапно копче за враќање на сокриените делови, па страната може да биде вратена во нејзината оригинална форма. 

Организации кои функционираат со реклами реагираа на оваа новина уште пред истата да биде претставена, па ќе видиме дали и каква реакција ќе имаат сега. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGoogle ја претстави замената за Chromecast и влезе во директна конкуренција со Apple TV
Следна статијаInstagram го зголемува бројот на слики кои може да се споделат во една објава на 20
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.