Донесувањето на два нови закони во ЕУ направи да стане јасно дека Apple ќе мораат да направат неколку работи кои досега не би биле очекувани од нив. Една таква работа е овозможување корисниците да можат да инсталираат апликации од други извори покрај App Store, односно исто како што тоа е можно на Android.

Според информациите, од Apple уште од минатата година работат на овозможување на таканаречениот процес „sideloading“ на апликациите, само за корисниците во Европската Унија.

Иако се’ уште нема официјални најави, Марк Гурман информира дека пуштањето на оваа нова „можност“ треба да се очекува наскоро.

Истата ќе биде ограничена по локација, односно само за корисниците од ЕУ кои сега ќе можат да инсталираат апликации и од други извори.

Со ова се најавува и обврската да им се овозможи на програмерите да користат други платежни системи, а не само тој од Apple, па ќе видиме кога ќе биде воведено и такво нешто.

Информациите говорат дека вакви закони се планираат и на други места, па еден таков пример е Јапонија, а нешто слично се подготвува и во САД. Тоа значи дека после одреден период може да се очекува ова да биде достапно за сите корисници на Apple, без разлика каде живеат.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаОсновачите на Instagram се откажуваат од нивната апликација за вести Artifact која ја претставија минатата година
Следна статијаMicrosoft го претстави Copilot Pro со пристап до најновите технологии и вештачка интелигенција за приватните корисници на Microsoft 365
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.