Apple додаде уште една апликација во листата на апликации достапни од компанијата. Овој пат се работи за апликација за спортски резултати и истата едноставно е наречена Apple Sports.
За жал, апликацијата засега им е достапна само на корисниците од САД, Обединетото Кралство и Канада, без информација кога може да се очекува во повеќе земји и дали некогаш ќе биде пуштена во целиот свет.
Apple Sports е направена во карактеристичниот дизајн стил од компанијата, односно истата изгледа одлично и е прилично едноставна, односно нема непотребни делови кои би го тргнале вниманието од нејзината намена.

Апликацијата овозможува следење на резултатите од натпреварите, а тоа може да се прави и во живо, тука се и статистиките, како и информациите од тимовите. Корисниците можат да изберат кои тимови и лиги сакааат да ги следат, па тие ќе им бидат директно достапни на главниот екран.
За почеток на корисниците им се достапни лигите MLS, NBA, NCAA, NHL, Bundesliga, LaLiga, Liga MX, Ligue 1, Premier League, Serie A, а со тек на време се најавува додавање и на MLB, NFL, NCAAF, NWSL и WNBA.