Корисниците на Windows веќе нема да мора да ја користат старата iTunes апликација доколку имаат iPhone и/или iPad, а користат и некои од сервисите на Apple.

Од компанијата минатиот месец претставија три нови апликации кои ја заменуваат iTunes апликацијата. Претставени се Apple Music, Apple TV и Apple Devices. Апликациите се достапни за Windows 10 и понова верзија, односно засега и Windows 11.

По инсталацијата на трите апликации, а мора да се инсталираат сите три, iTunes веќе нема да може да се користи за музика и менаџирање на уредите. Оваа апликација ќе остане тука само за книги и подкасти, а доколку корисниците имаат нешто во нивната iTunes „библиотека“, истата не треба да ја бришат затоа што Music и TV ја користат истата.

Веднаш е јасно какви апликации се Apple Music и Apple TV, па останува само да се објасни Apple Devices. Оваа апликација е тука за менаџирање на iPhone и iPad уредите на корисникот, односно за нивно ажурирање, бекап и слични активности кои досега беа достапни преку iTunes.

Апликациите се направени соодветно на дизајн правилата од Microsoft и Windows 11, а според некои Apple ги имаат направено подобро од повеќето други апликации, па и тие од Microsoft кои не ретко самите не си ги следат сопствените правила.

Трите апликации се достапни преку Microsoft Store и од таму може да се симнат и ажурираат.

ИЗВОРApple
Претходна статијаBitLocker на Windows лесно може да се пробие кај одредени постари компјутери
Следна статијаMicrosoft има своја алтернатива на CCleaner која сега им е достапна на сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.