Апликацијата Beeper, која стана доста позната по обидите да овозможи комуникација преку iMessage протоколот на Apple за Android корисниците, сега официјално ја пушти својата апликација.

Beeper, која досега беше наречена Beeper Cloud, станува достапна за сите корисници со 14 сервиси за разговори, а еден од тие не е iMessage, очекувано. Не се исклучува можност во иднина поддршката да биде додадена, но засега такво нешто не треба да се очекува.

Со оглед на тоа што Beeper има поддршка за RCS протоколот, кој ќе биде конечно додаден кај Messages апликацијата на iPhone, може да се каже дека сепак Android и iOS корисниците ќе добијат можност за модерна комуникација.

Beeper е замислена како универзална апликација за разговори и на корисниците на Android, iOS, Windows, macOS и Linux им овозможува поврзување со Messenger, WhatsApp, Instagram, Telegram, Signal, X, Slack, LinkedIn, Discord, SMS на Android, RCS, IRC, Matrix и Google Chat.

Достапноста на апликацијата, која досега беше во бета форма, а и тргањето на месечната претплата, доаѓа по купувањето на компанијата од страна на Automatic, компанијата која стои зад развојот на WordPress.

Beeper може да се симне од оваа страна.

ИЗВОРBeeper
Претходна статијаНеопходно е да создадеме држава по мерка на младите за тие да ја гледаат својата перспектива дома – прва епизода од поткастот „Гласот на МАА“
Следна статија„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и за учениците од Струга
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.