skydrive-ocr

Microsoft најави дека со најновата верзија на Windows 8.1 ќе воведе и интегрирано оптичко препознавање на карактери (OCR). OCR е софтвер кој препознава текст од слики и го претвора во текст документ кој што понатаму може да се менува преку некоја од програмите како Word или Libre Writer. Со оваа можност секоја слика која што ќе ја зачувате во Camera Roll папката во SkyDrive, автоматски ќе го препознае секој текст што се наоѓа на сликата и истиот ќе биде зачуван во мета податоците од сликата.  Потоа покрај тоа што може да го користите текстот за различни потреби, ќе можете да правите пребарување на сликите според текстот. Camera Roll е папката во која се зачувуваат сликите сликани преку вашиот Windows Phone телефон или Windows 8 таблет.

Microsoft излезе со повеќе детали околу таа функција, па во видеото во продолжение можете да видите како практично тоа би функционирало.

Претходна статијаiPhone 5s и iPhone 5c достапни во нови земји од 25-ти Октомври и 1-ви Ноември
Следна статијаMicrosoft воведе можност за бришење на старите надградби во Windows 7 SP1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.